Книга: „Како завршува светот“ – видено преку шест ликови

79

„Како завршува светот“ на Мариа Ксилури е роман кој раскажува за шест протагонисти Орестис, Фани, Димитрис, Фотис, Акос и Ана, кои живеат во годините на кршливата младост во свет во кој нема напредок.

Првите четворица ги имаат завршено студиите, работат, се разведуваат, почнуваат нови врски, се венчаваат. Со исклучок на Димитрис и Ана (кои се брат и сестра), израснати  далеку од Атина. Нивните приказни се случуваат од 2000 до 2008 година, но не секогаш праволиниски во времето. На крајот од ова наративно патување, во нурнувањето во длабочините на душата и во односите со другите, доаѓа прочистувањето, односно катарзата.

Овој роман е добитник на Атинската награда за литература во 2013 година.