Книга: Илон Маск: „Тесла“, „Спејс Екс“ и потрагата по фантастична иднина

528

„Илон Маск: Тесла, Спејс Екс и потрагата по фантастична иднина“ на Ешли Венс, е број 1 најпродавана книга за бизнис на Њујорк тајмс.

За едни гениј на векот, за други луд научник, Илон Маск несомнено успева да привлече внимание. Тој е амалгам на легендарните пронаоѓачи и индустријалци: Томас Едисон, Хенри Форд, Хауард Хјус и Стив Џобс. Но сета своја енергија и огромно богатство ги посвети да измисли иднина што е исто толку богата и далекосежна како и онаа на визионерите од златната доба на научната фантастика. Оваа исклучителна биографија напишана од Ешли Венс мошне објективно успева да го долови човекот што многу често е споредуван со фамозниот Тони Старк, не дозволувајќи самиот Маск да се меша во содржината. Опфаќајќи ги неговите детски години, па сè до електричниот автомобил и ракетите, Венс проникнува во умот на најинтригантната фигура во Силициумската Долина, откривајќи детали не само за функционирањето на неговите компании туку и за неговиот личен живот. Духовитиот стил, живописното раскажување и интервјуата лично со Маск и со луѓето што биле со него во неговите најважни моменти се она што прави оваа книга да биде прочитана во еден здив“, посочува издавачот „Антолог“.