Книга: „За што зборувам кога зборувам за трчањето“ – Мураками

61

Едновремено смешно и сериозно, разиграно и филозофско, „За што зборувам кога зборувам за трчањето“ на Харуки Мураками е задолжително четиво за обожавателите на овој генијален но повлечен писател, како и за огромниот број спортисти кои наоѓаат слично задоволство во трчањето.

„Во 1982 година, откако ќе го продаде својот џез-клуб за да се посвети на пишувањето, Мураками почнува да трча за да се одржи во добра физичка форма. По многу години и по голем број истрчани трки и маратони, додека тренира за Њујоршкиот маратон, Мураками одлучува да ни ги раскаже своите искуства и да ни открие какво влијание имало трчањето врз неговиот живот и пишувањето. Резултатот се овие прекрасни мемоари за неговите испреплетени страсти – трчањето и пишувањето – што изобилуваат со спомени, размисли и заклучоци од сопствените увиди, вклучувајќи го и точниот момент кога одлучува да стане писател“, ќе посочи издавачот „Три“.