Книга за деца: Промоција на „Веселата зграда“

99

„Веселата зграда“ од авторката Ана Голејшка Џикова и илустраторот Драган Китановски-Драш е новата книга за деца чија промоција ќе се одржи на 9 октомври со почеток во 18:30 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“.

„Сликовницата преку веселите стихови на поетесата Голејшка Џикова и разиграните илустрации од графит-артистот Драш, ни раскажува за жителите на една зграда со седум ката. Во неа, кат по кат, нè запознава со: учителката во пензија Ката, Молња и Громче, елекричарот чичко Ват, Јасна, Перо и нивниот мачор Неро, со младиот сликар, магичната Вера, кученцето Луна и семејството гулапчиња“, стои во најавата на издавачот „Арс Ламина – публикации“. Промоцијата ќе започне со работилница за деца, на тема „Обој ја својата весела зграда“, а промотор ќе биде Милан Дамјаноски.