Книга: „Ги изеде дождот“ – за духовното распаѓање

256

Романот „Ги изеде дождот“ на Жарко Милениќ почнува да ги следи настаните во едно провинциско гратче (Букач), кое е на работ на провинцискиот разум, а завршува во истото гратче сега со друго име (Диклиќево) кое се оттргнало од работ на разумот и сега пропаѓа некаде длабоко, длабоко…

„Дејството во романот се одвива во еден мал град каде што се важни правилата
на игра, но нив не ги знаат сите играчи. Приказната има саркастични, зајадливи, па
понекогаш и трагични елементи. Искривените слики и пародијата истовремено се и блиску и далеку од реалниот свет. Милениќ во својот роман се занимава со провинцијализмот, но истовремено и со тоталитаризмот и апсолутизмот. Ги разобличува проблемите и типовите луѓе кои духовно се распаѓаат во малите градови“, посочуваат од издавачката куќа „Македоника литера“ од Скопје.