Книга: „Генералот во својот лавиринт“ – Симон Боливар

42

„Генералот во својот лавиринт“ е најполитичкиот роман на Габриел Гарсија Маркес koj ја раскажува трагичната приказна на генералот Симон Боливар – човекот кој се обиде да обедини еден цел континент.

„Боливар, во шест латиноамерикански земји познат како ‘Ослободителот’, е еден од најпрочуените јунаци на западната хемисфера. Во брилијантниот и единствен приказ на Боливар од страна на Маркес, тој е извонредно прикажан и со сите свои човечки мани. Романот го следи неговото последно патешествие по реката Магдалена кон морето во 1830 година, пронижано со потсетувања на сцени од некогашните славни времиња и со жалоста по загубениот сон за обединување на американските народи. Лишен од некогашната моќ, постојано под закана од атентат и предвремено остарен и изнемоштен од фатална болест, генералот сè уште е еден извонредно витален и темпераментен човек. Се чини дека она што го држи во живот е неверојатната сила на волјата што ја поседува, која во минатото е и клучот како за неговите победи на бојното поле, така и за неговите недобројни љубовни врски. Додека се движи низ сопствениот лавиринт, сочинет од моќта што сè повеќе слабее и од сеќавањата што сè посилно испливуваат на површината, тој ѝ пркоси на смртта до последниот здив“, ќе посочи издавачот „Арс либрис“.