Книга: „Вилино“ – за повикот на слободата

120

„Вилино“ на Винка Саздова е жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води.

„Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Книга полна источни мудрости и мистична филозофија. Роман богат со психолошки и до нијанса извајани машки и женски ликови, со што се потврдува мајсторството на авторот покажано и во претходните романи. Префинета симболика на детали, прекогниции, соништа, сеизмографски треперења на душата. И роман терапија: ведриот женски лик на Вили од идиличното Вилино, спротивставено на градот како дувло на страстите“, ќе посочи Венко Андоновски кон романот кој е во издание на „Три“.