Книга: „Бунтовници“ – каков избор да се направи

239

„Бунтовници“ на Вероника Рот е дел од трилогијата „Divergent“, а во кое во фракциите се јавуваат поделби, а токму тие на крајот предизвикуваат огромно уништување.

„Eден избор може да те трансформира – или може да те уништи. Но секој избор има последици, и додека во сите фракции расте немирот, Трис Прајор мора да продолжи да ги спасува оние што ги сака – а и себеси – додека се обидува да ги сфати тагата и прошката, идентитетот и лојалноста, политиката и љубовта. Со толку голем влог, изборите што ги прави Трис не влијаат само врз неа, туку и врз сите во нејзината околина. Таа осознава дека не е можно да се постигнат високи цели ако и самиот си поделен на половина. Таа мора целосно да ја прифати својата дивергентност, иако не знае што би можела да изгуби со тоа“, се посочува од Полица.