Книгата „Кога светлината згаснува“ од Ојген Руге објавена на македонски јазик

54

Книгата „Кога светлината згаснува“ на Ојген Руге, излезе од печат во издание на  издавачката куќа „Или-или“ како дел од едицијата “ПРОаЗА“. Преводот од германски јазик е на Ксенија Чочкова, дизајнот на корицата е на Марија Смилевска, а изданието на книгата е поддржано од мрежата „Традуки“.

Романот „Кога светлината згаснува“ следи неколку генерации на семејството Умницер во текот на педесет години, а секој член го дава гласот на својата страна од приказната. Прикажано е влијанието на пошироките историски случувања на живототот на ова семејство, некогаш дел од комунистичката елита, чијашто социјалистичка утопија со текот на времето почнала да згаснува.

Низ четирите генерации Ојген Руге ги претставува различните перспективи на животот под различните политички режими и ограничувањата што тие ги наметнуваат. Романот ја раскажува политичката состојба на Источна Германија пред паѓањето на Берлинскиот ѕид, но и внатрешната политика на семејниот живот во различни општествени околности.

-Романот „Кога светлината згаснува“ на Ојген Руге во 2009 година ја доби наградата „Алфред Деблин“ и во 2011 година  најпрестижната германска награда „Книга на годината“. Со мудрост, хумор и голема емпатија, а потпирајќи се на сопствената семејна историја, Ојген Руге величествено ги следи приказните и на ова семејство и на Германската Демократска Република, додека го истражува трагичното испреплетување на политиката, љубовта и семејството под источногерманскиот режим, велат од издавачката куќа „Или-или“.

Авторот Ојген Руге е роден 1954 година во Сосва (Урал). Студирал математика на универзитетот „Хумбол“,  а подоцна работел во Централниот институт за физика. Пред да замине од ГДР на Запад, во 1988 година работел и во студиото за документарен филм „ДЕФА“. Од 1989 година работи за повеќе театри и радио-станици како автор и преведувач.