Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 се засили со две имиња во стручниот штаб кои имаат искуство како се станува европски шампион. Станува збор за Димитар Маневски и Билјана Црвенкоска. И двајцата се со големо искуство секој во своето поле на дејствување.

Маневски е дипломиран стручен физиотерапевт со специјалност кинезитерапија. Својата работа официјално ја започнува во фудбалски клубови продолжувајќи во ракометот. Најдобар во својата работа, потврда за ова се двете европски титули како и сите освоени медали на домашна и меѓународна сцена.

Црвенкоска ја има највисоката македонска тренерска лиценца, професор е по физичка активност, спорт и фитнес администрација/ менаџмент. Силен професионалец кој има сестрана спортска едукација со најголем акцент на ракометот. Нејзиниот ангажман во Голден Арт КЛ7 ќе биде главен тренер на младинска и кадетска екипа како и помошник тренер на Андов Бошковски во првиот тим,

  • Голден Арт КЛ 7, во пресрет на новата натпреварувачка сезона и предизвикот наречен Супер Лига, согласно своите стратегиски и развојни концепции темелени на сериозноста на своите инвестициски партнери, а пред се застапувајќи го брендот КЛ7 и неговата големина во светски рамки градејќи го тимот за сезоната 2020/21 како прв преземен чекор е јакнењето на стручниот штаб со два европски шампиони, истакана спортскиот директорт на тимот Милчо Чакарески.