Клучката кај Момин Поток готова за 18 месеци

111

Клучката што се гради кај Момин Поток ќе биде готова за 18 месеци. Исто така ќе се гради булевар кој ќе биде издигнат на столбови високи 9 метри со кружен тек во ридот кај касарната, со којашто се овозможува целосно анулирање на семафорската сигнализација и движење без застој на сите видови сообраќај.

– Овде за прв пат ќе се изгради велосипедски мост со кој продолжуваме по стандардот дека вело патеки мора да има како составен дел од сите идни сообраќајни решенија – нагласи Шилегов.

Според него, вакво сообраќајно решение овозможува развој на градот во досега неурбанизираниот дел што ќе значи сериозно растеретување на урбанизација во централното градско подрачје.

– Со ова сообраќајно решение, заедно со клучката на булевар „Словенија“ каде набрзо започнуваат градежните работи, како и пробивање на булеварот „Словенија“ до Волково и „Хасан Приштина“ до обиколницата во правец на Косово, целосно го решаваме на долг рок сообраќајот во овој дел од градот – потенцираше Шилегов.

Јавниот транспорт ќе се одвива по постојната пруга со градски возови, за ова веќе има студија од 2018 година. Возот оттука ќе се спојува со БРТ кај Железничка станица.