Клубот направи гаден потег

303

Голем е бројот на „јувентини“ кои не се импресионирани од ангажирањето на Маурицио Сари. Најрадикалните фанови добро се сеќаваат на неговите спорни изјави кои беа упатени кон нив додека Сари беше предводник на Наполи. Помеѓу тие фанови е и поранешниот претседател на „старата дама“, Џовани Коболи Џиљи.

  • Како навивач, се надевав дека овој гаден настан нема да се случи. Сарисимо беше многу силен во Наполи, но јас имам добро памтење и добро се сеќавам што има направено и што има изјавено на сметка на Јувентус. Сега е направено тоа што е направено. Ќе мора да му судиме на Сари според делата кои ќе ги направи. Кога е во прашање неговите квалитети како тренер, тука немам никаква замерка. Не ми сметаше ниту стилот на Масимилијано Алегри, но сега ќе биде сосема поинаку, изјави Џиљи.

Сари веќе е прогласен за предавник во Наполи, а голем е бројот на тие кои сметаат дека искусниот стручњак ќе мора да го промени својот стил. Ќе мора да намали со цигарите и натпреварите ќе мора да ги води во одело, а не во тренерка.

  • Ќе го тестирам Сари и се надевам дека ќе научи да комуницира како тренер на Јувентус, а не во својот препознатлив стил. Се надевам дека ќе знае да комуницира како што треба и во моментите кога неговиот тим нема да игра добро. Се надевам дека нема да бара некакво оправдување, како што правеше додека беше тренер на Наполи, додаде Џиљи.