Клоп ќе потроши 125 мил. евра за германското чудо од дете

135

Можеби најголемиот талент кој игра во германската Бундес лига, Каи Хавертц, кој со голем успех го носи дресот на Баер од Леверкузен, најверојатно ќе биде најнова милионска аквизиција на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Ливерпул, пишува британски „Експрес“.

Истиот медиум тврди дека менаџерот на „црвените“, Јурген Клоп, е подготвен да одвои рекордни 125 мил. евра за обештетувањето на репрезентативецот на Германија и на тој начин да ги жртвува евентуалните засилувања кои му се потребни на другите позиции во тимот.

Веќе подолг период интерес за услугите на офанзивниот играч за врска покажуваат и раководните лица на Баерн (М), Барселона и Манчестер Јунајтед, а Хавертц не крие дека сака да си замине од редовите на „фармацевтите“ најкасно до крајот на актуелната сезона.

И за време на летниот преоден рок имаше неколку официјални понуди за услугите на стандардниот првотимец, но раководните лица на Баер од Леверкузен побараа најмалку 100 мил. евра за неговото обештетување.