Клоп наредил да продолжи газењето на Јунајтед

146

Пред околу еден месец, Ливерпул со историски 5:0 го прегази Манчестер Јунајтед и тоа сред „Олд Трафорд“. Британските медиуми сега открија каков совет, трофејниот германски стручњак, Јурген Клоп, им дал на своите фудбалери за време на паузата од најголемиот дерби натпревар во Премиер лигата.

Веќе после 13 минути игра „црвените“ имаа предност од два гола со погодоците на Наби Кејта и Диого Жота, а до крајот на полувремето, Мохамед Салах два пати се запиша во листата на стрелци. На тој начин Ливерпул на крајот од првите 45 минути имаше предност од четири погодоци.

  • За време на паузата Клоп ни кажа дека мора да дадеме повеќе од себе. Пораката беше јасна – морате повеќе, морате подобро. На тој начин покажуваме дека секоја превзема одговорност и кога не играме добро, без разлика на моменталниот резултат. Ако продолжиме со таквиот пристап, ќе имаме фантастични резултати, откри крилниот напаѓач на Ливерпул, Алекс Окслеј-Чембрлен, кој влезе во второто полувреме.

После 13. одиграни кола во актуелната сезона од англиската Премиер лига, Ливерпул со 28 бода е на втората позиција, еден помалку од лидерот Челзи, додека Јунајтед, со натпревар помалку е на 9-та позиција со само 17 бода.