Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ја совладаа Јута со 118:104 и на тој начин израмнија на 2-2 во серијата. Победничкиот тим го предводеа Кавај Ленард и Пол Џорџ со по 31 поен. Кај поразените Донован Мичел запиша 37 коша.

Интересно е и да се напомене дека Донован Мичел има најголем број поени по минути во историјата на плејофот. Имено, тој во моментов е на 263 поени за 267 минути игра, или 0.99 поени во минута. Тој е исто така на второто место на таа листа, односно неговите постигнувачки способности од минатогодишниот плејоф, кога постигна 0.96 поени во минута. Трет на листата е Џери Вест, кој во просек бележеше 0.95 во 1965 година.