КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА ТВРДИ: Не се загрозени животите на бебињата што се во инкубатор

Од Клиниката за гинекологија и акушерство опбајснуваат дека кога ке снема струја има повеќе механизми за заштита и безбедносен систем, а секој витален апарат е поврзан на UPS, опција која е во функција додека не се вклучи агрегатот.

111

Сите бебиња, особено новороденчињата кои се инкубатор  се добри што се сместени на скопската Клиниката за гинекологија и акушерство, иако синоќе заради прекин на електричната енергија одделот  за интензивна нега останал без струја.

Како што појаснуваат за весникот ВЕЧЕР од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство- Скопје ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не било доведено во животнозагрозувачка состојба, ниту пак, дошло до влошување на нивната првобитна здравствена состојбаот.

-Иако вчера попладне имаше краток прекин на електрична енергија, сите новороденчиња од одделението за интензивна нега и терапија се стабилни. Службите веднаш реагираа и во најкус временски период ситуацијата беше ставена под контрола-објаснуваат од клиниката и нагласуваат дека на клиниката има повеќе механизми за заштита и безбедносен систем, а секој витален апарат е поврзан на UPS, опција која е во функција додека не се вклучи агрегатот.

Тие исто така потенцираат дека во периодот кога немало струја ниту еден процес на клиниката не беше загрозен.

Како што информираат од ЕВН Македонија до прекин на електрична енергија во градската мрежа настанало поради дефект на трафостаницата во Козле, поради што дел од центарот на Скопје останал без струја. Дефектот бил навреме саниран.

(В.Ма.)