Клима уреди и тајфуни за градинката „11 Октомври“

125

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски денеска во просториите на градинката  „11 Октомври“, предаде во употреба нови 12 клима уреди и три тајфуни.

Како што информираат од Општина Бутел, грејните тела се наменети за салите во објектите на градинката  „11 Октомври“ низ Бутел.

Средствата за набавка на новите клима уреди и тајфуни се обезбедени од буџетот на Општината.