Класичните ретровизори одат во историјата? Виртуелниот E-Tron не води во иднината!

522

Саемот на автомобили што требаше да се одржи во Женева на почетокот на март е откажан поради ситуацијата со коронавирусот, но тоа не ги сопре производителите на автомобили да ги презентираат своите иновации на новите возила.

E-Tron на Ауди нема да биде само прв целосно електричен сериски модел на германскиот производител, туку ќе биде и прв сериски модел, којшто класичните ретровизори ќе ги замени со „виртуелни“. И тоа какви!

Досега видовме камери наместо ретровизори, но тука работите се поинакви. Имено, сликата од камерата се пренесува на дигитални екрани, кои се наоѓаат над рачката за отворање на вратата.

Audi e-tron Virtual Mirrors

These virtual mirrors of the Audi e-tron are futuristically cool.

Posted by GIGadgets on Friday, February 28, 2020