Зоран Милевски – Кичеец ќе одлучи дали неговиот исказ пред Вилма Рускоска ќе го даде да го видат адвокатите на Боки 13 и Катица Јанева. Адвокатот Александар Новаковски, кој го застапува Кичеец, објаснува дека насоките како ќе градат одбрана доаѓаат од неговиот клиент. Дополнително, според него, одбраната не мора по секој цена да биде идентична за сите осомничени во „Рекет“. Адвокатите на Боки 13 и Катица Јанева остро реагираа на одлуката Обвинителството за организиран криминал да им овозможи увид во сите докази, освен во исказот на Зоран Кичеец, кој е второосомничен во случајот.

„Искази на обвинети не се доказ во постапката, па од тие причини нема зошто да им биде даден“, наведуваат од Обвинителство за организиран криминал.