Кичевец со клинци им ги расекувал главите на осум коњи

171

41-годишен кичевец извршил злоупотреба на осум коњи кои биле негова сопственост. Поради основано сомнение за сторено казнено дело „мачење животни”, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.А. (41) од кичевското село Србјани.

Тој, во периодот декември минатата до јануари оваа година, извршил злоупотреба на осум коњи, негова сопственост, со кои вршел дотур на огревни дрвја и ги изложувал на тегобна состојба, користел остар предмет со кој им предизвикал исеченици на главите и не презел мерки за санирање на предизвиканите повреди, информира портпаролот на СВР – Охрид Стефан Димоски.