Меко тесто од кое можете да правите се: кифлички, пити, колачи – а, многу е едноставно за правење, само ако се придржувате до рецептот. Полнењето на тестото зависи од вашиот вкус, а може да биде овошје, јаткасти плодови, џемови, мак, чоколадо…
Состојки:
- 1 кг. Брашно
- 2 јајца
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- 500 мл. млеко
- 3 лажици кисело млеко
- 3 лажици масло
- 1 прашок за пециво
- 20 гр. квасец
Подготовка:
Квасецот растворете го со шеќерот и 200 милилитри млако млеко и оставете го на топло место да се активира.
Ставете брашно во голем сад и додајте го прашокот за пециво и сол. Откако ќе се ативира, ставете го и квасецот во средина, ставете ги претходно изматените јајца и кисело млеко.
Од оваа смеса замесете меко тесто. Месете го тестото околу 10-тина минути, за да се активира квасецот и сите состојки да се изедначат.
Премачкајте поголем сад со масло и во него ставете го месеното тесто. Покријте го со кујнска крпа и оставете го на топло место додека не нарасне двојно.
Тестото е готово за подготовка на вашите омилени пити, кифли, колачи, мекици…
Уживајте во вкусот!