Китански се заблагодари за довербата да ја води Општина Пехчево

36

Според првичните информации од Општинската изборна комисија, кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата Александар Китански на вториот круг од Локалните избори во Пехчево освои 51,23 проценти од гласовите, наспроти 46 проценти за неговиот противкандидат Славчо Пандурски.

Во својата првична изјава Китански се заблагодари за довербата која ја доби, од како што рече, поголемиот дел од граѓаните. 

-Благодарам за сите граѓани и они кои гласаа за ВМРО – ДПМНЕ и оние кои не гласаа за ВМРО – ДПМНЕ, бидејќи и тие дадоа свој придонес за денешните избори кои придонесоа да изгледаме како општина каде имавме гласање во фер и демократска атмосфера, рече Китански.
Победата на новиот градоначалник на Пехчево, поддржувачите и симпатизерите ја прославија на градскиот плоштад.
Во вториот круг од изборите од 4072 запишани избирачи своето право на глас го остварија 79,65 проценти од граѓаните.