Кисела Вода ќе набави кипер

271

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски потпиша договор со Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, за реализација на проект за „Набавка на товарно возило – кипер“ за потребите на Општината.

Средствата за набавката ќе бидат обезбедени од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој преку програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година и од буџетот на Општина Кисела Вода.

-Со ова, остварена е уште една од  заложбите на градоначалникот Филип Темелковски за подобрување на услугите на жителите на Општина Кисела Вода, соопштија од локалната самоуправа.