Кисела Вода да обезбеди финсиска помош од 500.000 денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

111

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски поднел иницијатива до Советот на општина Кисела Вода за обезбедување на финасиска помош од 500.000 денари за погоденото население од Турција и Сирија.

-Исто така, да ја известам јавноста дека остваривме контакт со Амбасадата на Република Турција во Македонија, на која понудивме поддршка и од друг тип и од каде дополнитено ќе бидеме известени околу конкретните потреби па ќе излеземе со адекватна помош за семејствата погодени од разорниот земјотрес – истакна Ѓорѓиевски.

Воедно, како претседател на ЗЕЛС, апелира за солидарност до градоначалниците на сите општини во Република Македонија согласно нивните можности.

-Сега е момент кога секој, согласно своите финансиски можности треба да ја покаже својата благородност и на дело да докаже дека хуманоста и солидарноста со кои нѐ опишуваат биле и остануваат наша движечка сила. Искрено и од срце посакуваме брзо заздравување на повредените, а овие земји што поскоро да ги санираат погодените места од разорниот земјотрес – потенцираше Ѓорѓиевски.