Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос, не престанува со непочитувањето на тенисот и спортот воопшто. Момчето од Камбера од време на време со своите потези ја шокира јавноста, поради што овој пат претрпе дисквалификација на мастерс-турнирот во Рим. Кирјос поради судиска опомена (четврта на мечот) го искрши својот рекет, фрли столче на теренот, а потоа ги прибра своите работи и го напушти теренот број 3 – „Форо Италика“. Во тој момент резултатот беше 1-1 во сетови и 2:1 во гемови за Каспер Руд, кој неколку часа подоцна беше елиминиран од Хуан Мартин дел Потро со 6:4, 6:4.

По оваа контроверзна на Кирјос, свое видување даде норвешкиот тенисер Руд.

  • Сигурен сум дека не сум единствениот кој смета дека Кирјос треба да биде суспендиран најмалку половина година, изјави Руд.

Од друга страна, пак, најтрофејниот тенисер во моментов, Швајцарецот Роже Федерер, смета дека Кирјос не треба да биде суспендиран.

  • Лично, сметам дека не треба да биде суспендиран. Што направи, го повреди столчето, го оштети теренот? Тоа не е доволно по мое мислење… Не знам дали и понатаму е на условна казна по тоа што го направи во Шангај, доколку е, тогаш може да се истражува. Но, ако не е, мислам дека не треба да биде суспендиран. Нула бодови е доволна казна за грешката која ја направи, заврши Федерер.