Кирјос полуде, искрши два рекети и го исплука судијата

81

Австралискиот тенисер Ник Кирјос повторно го покажа својот немирен темперамент, овој пат на мастерс турнирот во Синсинати. Тој на стартот беше поразен од Русинот Карен Хачанов со 7:6, 6:7, 2:6, а за време на натпреварот имаше некоку жолти минути и во неколку наврати потполно полуде.

Негововото однесување го натера судијата да регаира неколку пати. Кирјос на ова му врати дека е најлошиот судија во овој спорт, а потоа скрши два рекети во тунелот. На крајот немаше поздрав со Русинот, а во еден момент и го плукна судијата.