Австралискиот тенисер Ник Кирјос е казнет со 14.000 долари поради неспортско однесување откако беше елиминиран во четвртфиналето на САД Опен. На меч со Карен Хачанов, Кирјос скрши пластично шише на теренот, а по натпреварот искрши два рекети. Ова е петта парична казна за Кирјос на турнирот. Вкупната сума изнесува 32.500 долари.

Наградата на Австралиецот за пласман во четвртфиналето ќе биде 445.000 долари.

Во полуфиналето на турнирот Хачанов ќе игра со норвешкиот тенисер Каспер Руд.