Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров неодамна се пензионираше, а тоа одекна силно во Европа, особено во земјите каде што активно придонесуваше, Шпанија, Франција, Унгарија, Хрватска.

Во интервју за шпански „Мундо депортиво“, Лазаров зборуваше за репрезентативната и клупската кариера, но и зошто ја одбил понудата да земе хрватски или унгарски пасош и да настаува за репрезентациите на една од овие две земји.

  • Тоа беше нешто што не го чувствував, а ако нешто не го чувствувате како што треба или не сте мотивирани, тогаш немојте да го правите. Иако знаев дека, ако играм за тие репрезентации ќе освојувам медали и титули, сепак ќе беше предавство да се откажам од мојата земја и затоа никогаш не го прифатив, истакна Лазаров.