Кире не е Шварценегер, ама со добрата манџа мускулите ќе му “израснат“ (Папарацо-фото…)

346

Додека се соблекуваше-облекуваше, за да си замине од студиото, водителот на кулинарското тв-шоу го начекавме во “ризична“ ситуација и со огромна желба да го стаса во мускулите популарниот холивудски актер

Кирил Кире Трајковски-Максим дефинитивно ја освои македонската тв-публика како харизматичен водител на кулинарското-шоу “Манџа“ на фрекфенцијата на ТВ Канал 5. Снимањата траат долго, често се исцрпувачки, но секогаш професионално одработени. И што е најважно се е така спакувано да привлекува големо внимание кај гледачите. Така е тоа пред камерите.
А, како е зад нив, кога ќе згаснат рефлекторите, кога Кире шегобијно ќе се опушти?

Е, дури и тогаш, да не ви се верува, продолжува неговото макси-шоу. Нашиот неуморен папарацо го начека водителот во “ризична“ ситуација кога се соблекуваше-облекуваше, за да си замине од студиото, односно од ресторанот “903“ каде се снима овој кулинарски серијал, необично наречен “Манџа“. И нема дилема, дека неговите можности за покажување на мускулите, а кои се резултат на вкусните манџи, доаѓаат во прв план.

Додуша, Кире не е Шварценегер, ама има огромна желба да го стаса во мускулите. Ќе успее ли во тоа? Ние ќе чекаме, и ако неговата нешто намуртена фаца како да не оди во прилогот на нашата констатација. Кире не се предавај. А, не, не викај толку! Ќе имаш мускули. Трпение-спасение!    (фото-текст Дуле Миќиќ)