Кипар поради пандемијата во загуба од 2,24 милијарди евра од приходите од туризмот

27

За периодот јануари – ноември 2020 година, Кипар загубил 85,4 отсто од приходите од туризмот, односно 2,24 милијарди евра, во споредба со една година претходно, според податоците од Службата за статистика, јави дописничката на МИА од Атина.

За првите 11 месеци од минатата година, приходите од туризмот се проценуваат на 382 милиони евра во споредба со 2,62 милијарди евра во за истиот период во 2019 година.

Од 15 март до 8 јуни минатата година, поради мерките преземени од кипарската Влада за справување со пандемијата беше забранет влезот во Кипар за одредени категории, меѓу кои и туристите, а на почетокот на летото беа отворени аеродромите, но под строги протоколи и повторно само со за посетители од одредени земји, кои имаа добра епидемиолошка слика.

Извор:МИА