Кипар го намали ДДВ-то на струја за 10 отсто

22

Кипарските власти ќе го намалат за 10 отсто ДДВ на сметките за струја во домаќинствата за три месеци. Тоа е трета компензаторна мерка што ја применува Владата за поддршка на домаќинствата поради повисоките цени на струјата.

-Владата ја извести Европската комисија за нејзината намера да го намали ДДВ на сметките за електрична енергија во домаќинствата од 19 отсто на 9 отсто во период од три месеци, изјави министерот за финансии Константинос Петридис.

Со одлуката се надополнуваат веќе најавените две поволности за населението поради поскапувањето на струјата.

До февруари идната година има намалување на сметките за струја за 10 отсто за сите потрошувачи, кое трае 10 месеци. На почетокот на ноември, владата ја намали стапката на ДДВ на сметките на домаќинствата од ранливите социјални групи за 14 отсто – од 19 отсто на 5 отсто – за 6 месеци.

Новата мерка е во согласност со препораките на Европската комисија за привремени и насочени акции за поддршка поради поскапувањето на струјата, што ќе ја спречи опасноста од енергетска сиромаштија и нема да влијае на пазарот”, објасни Петридис.

Од јануари до октомври годинава цената на струјата на Кипар пораснала за 10,1 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Министерството за финансии.