Кино на отворено и бесплатно: „… Петрунија“ и „Џган“ на Школка

258

На 18 јули (четврток) во 21 часот жестоката феминистичка приказна раскажана од Теона Стругар Митевска – „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе биде прикажана бесплатно, на големо платно во Градски парк – Школка, а веќе следната вечер, 19 јули (петок) со почеток од 21:30 часот ќе биде проектиран првиот долгометражен филм на Вардан Тозија – „Џган“.

„Со ова продолжува убавата приказна на кино на отворено што започна минатата година со ‘Исцелител’ и ‘Avec l’amour’. Во рамките на првото издание на летниот фестивал Summerland се вклучуваат МКЦ и кино Милениум и организираат бесплатни филмски вечери во Градски летен парк – Школка“, соопштија од МКЦ.