Киносалите остануваат затворени: Повторно одложена премиерата на „Тенет“ на Кристофер Нолан

456

Американското филмско студио „Ворнер Брос“ по вторпат ја одложува долгоочекуваната премиера на филмот „Тенет“ во режија на Кристофер Нолан, од 31 јули, за кога беше предвиден да биде претставен – за на 12 август. Поради пандемијата, прикажувањето првично беше закажано за 17 јули.

Инаку, новото одлагање се случува во миг кога гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо изјави дека при четвртата фаза на олабавување на ограничувањата за борба против коронавирусот, киносалите нема да бидат отворени.

„Тенет“ (Tenet) на познатиот режисер Кристофер Нолан е еден од најочекуваните филмови во 2020 година. Ако се оценува според трејлерите, ликот на актерот Џон Дејвид Вашингтон во овој филм се обидува да спречи Трета светска војна, а во игра се и живот по смртта и патување низ времето, мотиви коишто ги обожаваме во режија на Нолан. Покрај, Џон Дејвид Вашингтон во останатите улоги во новиот шпионски трилер на режисерот, настапуваат и Роберт Патисон и Елизабет Дебицки.

Од филмовите кои беа најавени премиерно да се прикажат во јули се и „Растроен“ (Unhinged) во режија на Дерик Борте во кој главната улога ја толкува Расел Кроу (1 јули), потоа „Галеријата на скршените срца“ (The Broken Hearts Gallery) чија продукција ја потпишува Селена Гомез (10 јули), Дизниевата приказна за легендарната кинеска воинка „Мулан“ (Mulan) планирана за 24 јули, како и филмот „Гренланд“ (Greenland), во кој главната улога ја игра Џерард Батлер, а е во режија на Рик Роман Вог кој е најавен за последниот ден од јули.

Дали панемијата предизивикана од коронавирусот која не стивнува ќе ги помести премиерните прикажувања и на споменатите филмови останува да видиме.