Кинеската репрезентативка во стрелаштво, Кијан Јанг, го освои првиот од вкупно 339 златни медали на Олимписките игри во Токио, откако троиумфираше во дисциплината 10 метри воздушна пушка.

Taa до златниот медал дојде буквално со последниот истрел, а на крајот славеше со 261.8 погодени кругови, поставувајќи, притоа, и нов олимписки рекорд.

Сребрениот медал го освои Русинката Анастасија Галашина (251.1), додека бронзениот медал заврши на градите на Нини Кирстен од Швајцарија (230.6).