Кинескиот амбасадор во Македонија, Џанг Ѕуо, ексклузивно за весникот „ВЕЧЕР“: Во Македонија има 50 -тина кинески државјани и никој периодов не патувал за Кина!

Очекуваме епидемијата на корона вирусот да спласне по 9 февруари. Ние сме во постојан контакт и соработка со македонските власти, постојано ги информираме за ситуацијата. Во земјава моментално има 50-ина кинески државјани, но никој од нив во овој период не патувал во Кина и да се врати. Но сега доаѓа Празникот на пролетта и очекуваме раздвижување, кинеските граѓани ќе одат на одмор во Кина и ќе се враќаат повторно во Северна Македонија на работа. Но, преземени се сите мерки и сите кои ќе патуваат во Кина, пред враќањето во земјава  ќе поминат строги контроли, вели амбасадорот Ѕуо за весникот „ВЕЧЕР“

2572

Според истражувањата и проекциите на нашите експерти, се очекува корона вирусот да почне да го намалува својот интензитет веќе од 8 или 9 февруари. Но дотогаш, сметајте дека бројот на заболените сè уште ќе се зголемува, истакна амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија, Џанг Џуо, ексклузивно за весникот ВЕЧЕР, запрашан какви се проекциите за ширењето на корона вирусот. Амбасадорот објаснува дека вирусот се шири преку кивање, кашлање и преку говор, а периодот на инкубација е од 7 до 14 дена. Тој додаде дека кинеските научници веќе пронашле за кој тип на вирус се работи, и веќе има вакцина, но мора да се помине тест периодот за да може луѓето да ја примаат вакцината.

Препораката од амбасадата на Кина во земјава е доколку немаат итна потреба, да не патуваат сега. Кога станува збор за официјални патувања што ги организира кинеската Влада, кинеските власти гарантираат безбедност.

Во однос на бројот на барања за визи за патување во Кина од македонските граѓани и дали тој е ист како и досега или има некое намалување, амбасадорот Џанг Ѕуо појаснува дека бројката варира, лани 1.500 македонски граѓани патувале во Кина, а во 2018 година таа бројка била нешто повисока од 1.000. Изминатиот период нема некое намалување поради ситуацијата со корона вирусот, граѓаните земаат кинески визи, но препораката од амбасадата на Кина во земјава е доколку немаат итна потреба, да не патуваат сега. Кога станува збор за официјални патувања што ги организира кинеската Влада, кинеските власти гарантираат безбедност.

-Ние сме во постојан контакт и соработка со македонските власти, постојано ги информираме за ситуацијата. Во Република Северна Македонија моментално има 50-ина кинески државјани, но никој од нив во овој период не патувал во Кина па да се врати. Но сега доаѓа Празникот на пролетта и очекуваме раздвижување, кинеските граѓани ќе одат на одмор во Кина и ќе се враќаат повторно во Северна Македонија на работа. Но, преземени се сите мерки и сите кои ќе патуваат во Кина, пред враќањето во Северна Македонија, ќе поминат строги контроли, вели амбасадорот Ѕуо за весникот ВЕЧЕР.

Иако новата епидемија на коронавирус беше наведена како јавен здравствен итен случај од меѓународна загриженост, тоа не значи дека нема доверба во Кина. Напротив, СЗО смета дека епидемијата во Кина ќе биде контролирана и стопирана.

Амбасадорот додава дека прогласувањето на епидемија од страна на Светската здравствена организација, не е поради недовербата кон Кина за справување со корона вирусот туку одлуката на СЗО е со цел да ги предупреди другите држави да се подготват за справување со овој вирус.

– СЗО потенцира дека Кина усвоила вонредни и моќни мерки и даде модел како светот да се справи со епидемијата. Иако новата епидемија на коронавирус беше наведена како јавен здравствен итен случај од меѓународна загриженост, тоа не значи дека нема доверба во Кина. Напротив, СЗО смета дека епидемијата во Кина ќе биде контролирана и стопирана. Во исто време, исто така, можеме да видиме дека меѓународната заедница и луѓето од многу земји веруваат дека во рекорден краток временски период, Кина идентификувала патогени на вирусот и ja сподели информацијата за целата генетска секвенца на вирусот со СЗО и со другите земји. Дејствијата на Кина не само што се ефикасни и за запирање на ширењето на епидемијата, туку дава отворени и транспарентни податоци за вирусот, и ja подобрувa ефикасноста на истражувањето и превенцијата во различни други земји, истакна амбасадорот Ѕуо.

Амбасадорот Џанг Ѕуо објаснува дека многу од мерките што ги презеде неговата земја ги надминале барањата од Меѓународните здравствени регулативи и кинеската страна е уверена дека ќе победи во борбата против оваа епидемија.

 -СЗО конкретно истакна дека не поддржува, па дури и се спротивставува на какви било ограничувања за патувања или трговија со Кина, бидејќи СЗО е уверена во победата на Кина над епидемијата. Ние се надеваме дека Република Северна Македонија, исто така, врз основа на објективност и фер однос, ќе ја почитува оваа јасна препорака на СЗО и ќе ја осигури безбедноста на размената на луѓе и трговија меѓу Кина и Северна Македонија, порача кинескиот амбасадор во земјава. 

Виолета СТОИМЕНОВА-НАУМОСКА

Фото: Н. Батев