Најстариот доказ за употреба на марихуана е пронајден во 2.500 години стара гробница во Средна Азија, тврдат научници во истражувањето објавено во магазинот Science Advances.

Иако растенијата и семките на канабисот се пронајдени и на други наоѓалишта од истиот период во истот дел на Кина, досега не било познато дали марихуаната се користела поради нејзиното псохоактивно дејство.

Во истражувањето од пред три години во истата гробница било откриено дека листови од марихуана се користеле за изработка на еден вид погребна маска, но сега тимот на експерти ја анализирал внатрешноста и содржината на десетина дрвени садови пронајдени во гробницата Јирзанкал, во западниот дел на Памирските планини.

Во садовите кои служеле за палење на темјан или други супстанци, се наоѓале мали камчиња, кои биле изложени на висока температура, а по хемиската анализа било откриено дека на 9 од 10 каменчиња се најдени траги од канабис.

Пронајдениот канабис има висок степен на ТХЦ

Трагите биле споредени со примероците од друго наоѓалиште, кое потекнува од шестиот век п.н.е, па биле утврдено дека канабисот пронајден во Јирзанкал има нешто посебно, а тоа се трагите од ТХЦ (Тетрахидроканабинол), кој е одговорен за псохоактивното дејство на марихуаната.

Новото откритие сугерира дека луѓето уште пред 2.500 години одгледувале и консумирале специфични видови на растенија поради нивниот хемиски состав.