Олимпискиот шампион во брзо лизгање од Зимските олимписки игри во Пекинг, Швеѓанецот Нилс ван дер Пул, остро ја критикуваше одлуката да и се додели на Кина организација на Олимписки игри.

  • Мислам дека е крајно неодговорно организацијата на Олимписките игри да се доделува на земја која грубо ги крши човековите права како што тоа го прават Кина и кинескиот режим. Олимписките игри се најголемиот спортски настан, настан кој ги зближува сите народи и го обединува светот. Но сепак, тие беа организирани и од Хитлер пред да ја нападне Полска, како и од Русија пред да ја нападне Украина, истакна Швеѓанецот.