Кинезите имаат тунели за дезинфекција: Ништо не се остава на случајот/ВИДЕО

5500

Во борбата со КОВИД-19, компанија во Кина во градот Чонггинг постави „дезинфекциони тунели“, кои служат за стерилизација на работниците кои одат на работа.

Во тунелите се вградени инфрацрвени детектори кои активираат спреј во моментот кога лицето ќе влезе во тунелот. Процесот на дезинфекција по влегувањето во тунелот трае 20 секунди.

Дезинфекција на работниците исто така се врши и во Пекинг, па дури и по паузата од работа.

Покрај тоа дневно се врши дезинфекција на 405 станици на подземната железница, Кај секој патник кој ја користи железницата се мери температура на телото наведува весникот South China Morning Post.