Кинезите велат: Трамп да ти бил многу корисен!

140

Кинезите нагрнаа да купат специјална „Доналд Трамп клозетска четка“ по цена од 2 евра додека трае трговската војна помеѓу Кина и САД.

Тие се шегуваат и велат дека и од Трамп има некое фајде.

Четката за чистење која наликува на американскиот претседател е многу популарна во онлајн продажбата во Кина.

Еден трговец вели дека Трамп-четката има супер-моќи, додека друг дава гратис тоалетна хартија со ликот на Трамп, пренесува Дејли мејл.

Кинеските потрошувачи ова наводно го прават во знак на поддршка на сопствената влада.