Кина рекордер по потрошувачка на злато

62

Кина е земја која многу троши злато. Побарувачката за злато во оваа земја пораснала за 5,73 % на годишно ниво, и достигна 1.151,43 тони лани. Како причина за растот се наведува зголемната побарувачка на домашниот пазар. Со тоа државата остана по тој критеруим на прво место веќе шеста година по ред.

Побарувачката на злато за индустриски и други цели е зголеменa за 17.48% – 105,94 тони.

На златен накит побарувачката пораснала за 5,71 % и е на ниво од 736,29 тони додека на златни прачки е зголемено за 3,19 % – односно 285,2 тони.

Производството на злато во Кина лани се намали за 5,87% до 401,12 тона, но државата засега е најголем производител во светот веќе 12 година по ред. Одредени медиуми изминативе години пишуваа и дека Кина дури е можно и тајно да купува злато. Кина во одреден период агресивно трупаше резерви злато за да ја намали зависноста од американскиот долар.

Побарувачката за злато е на највисоко ниво за период од 50 години. Ова може да се види од најновите податоци од Светскиот совет за злато.

Ова се должи на големото купување на централните банки и европските инвеститори.

Глобалната побарувачка за злато порасна за 4 отсто на 4.345,1 тони, а централните банки купија најмногу злато. Голем придонес имаа европските инвеститори, особено фондовите во потрага по безбедни зони поради атмосферата на висока политичка нестабилност.

Централните банки откупиле 651,5 тони злато минатата година, дури 74 проценти повеќе од 2017 година. Ова е втор најголем резултат во историјата, по откупот во 1967 година. Покрај Руската централна банка, многу злато купиле Полјаците, Кинезите, Турците и Казахстанците.