Кина претстави прототип на маглев (магнетно левитациски) воз, кој може да достигне брзина од 600 километри на час.

Кинеската телевизија CCTV го снимала претставувањето на возот организирано во Чингдаоу, а проектот го развива кинеската државна компанија „China Railway Rolling Stock Corporation – CRRC“.

Заменикот на главниот инжинер Динг Сансна рекол дека прототипот ќе може да ги провери клучните технологии и системски компоненти на системот маглев возови со голема брзина, пренесе Б92.

CRRC Sifang Co во Чингдаоу изградил центри за тестирање на маглев возови, а во другата половина од годината се очекува да започнат со соработка.

Прототипот со еден вагон од производната лента би требал да пристигне следната година и да направи тест возење од пет километри.

Компанијата во 2021 година би требала да ги заврши тестовите на возот и да го заврши тестинг процесот.

Споменатиот воз, доколку биде ставен во функција би можел да ја пополни празнината меѓу возовите кои се движат со 350 и 400 километри на час и патничките авиони кои летаат на брзина од 800 километри на час.

Првиот комерцијален маглев воз во функција е ставен во Нагоја, Јапонија.