Кина: Коронавирусот откриен во примероци на сладолед

57

Во Кина, коронавирусот е пронајден во еден вид сладолед, поради што целата серија е повлечена од продажба, соопшти тамошната влада. Компанијата Дакијаодао Фуд во градот Тијанџин беше затворена, а вработените се тестирани од коронавирус.

Поголемиот дел од сладоледот, од кои имало 29.000 парчиња, сè уште не е продаден, а властите успеаја да влезат во трага на 390-те сладоледи продадени во Тијанџин. Сладоледот е направен од млеко во прав од Нов Зеланд и прав од сурутка од Украина.

Кинеската влада сугерира дека вирусот е увезен преку состојки, иако експертите се сомневаат во тоа.

Во Кина, од почетокот на пандемијата, коронавирусот е потврден кај 88.227 лица, од кои 4.635 ја изгубиле борбата со ковид-19, додека излекувани се 82.387 лица. Растот на бројот на заразени во Кина е забележан пред кинеската Нова година, што се прославува на 12 февруари.