Германскиот бундеслигаш Кил скапо ја плати победата над Киелце во Лигата на Шампионите по повредата што ја заработи шведскиот интернационалец Никлас Екберг.

Искусниот крилен ракометар е најдобар стрелец на Кил сезонава со вкупно 126 погодоци, но Екберг настрада во финишот од дуелот со Киелце, откако лошо доскокна и го повреди скочниот зглоб. Деталните прегледи покажале оштетување на лигаментите на зглобот, што ќе значи пауза од најмалку еден месец од терените.

„Ако се биде во најдобар ред, паузата би требало да изнесува четири седмици, што значи дека Екберг ќе отсуствува најмалку шест натпревари“, изјави тимскиот доктор на Кил, Франк Прајс.

Кил моментно се наоѓа на делба на третото место во групата од Лигата на Шампионите, со 12 бода колку што има и Нант, зад водечките Барселона со 21 и Киелце со 18 бода.