Македонскиот и европскиот ракометен шампион Вардар, и вторпат со двоцифрена разлика е поразен од германскиот гигант Кил, овој пат на гостински терен со 34:23,  во Лигата на шампионите и останува на шестата позиција на табелата во најквалитетното европско ракометно натпреварување.

Никлас Ландин забележа 15 одбрани на голот на Кил, а Никлас Екберг постигна осум гола. Кај Вардар, Криштопанс беше стрелец на шест погодоци, Стоилов постигна еден помалку.

Кил со победата над Вардар се зацврсти на првото место со 18 бода, додека Вардар го доживеа четвртиот пораз во низа и е шести. Во следното коло македонскиот тим ќе биде домаќин на Мотор Запорожје и нема право на кикс (15 февруари).