Германскиот ракометен бундеслигаш Кил го зададе првиот удар во четвртфиналето од Лигата на шампионите, со победа на првиот натпревар во дуелот со ПСЖ со 31:29.

Зебрите“ и „светците“ на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез одиграа крајно возбудлив натпревар кој му припадна на домаќинот во „Шпаркасен Арена“ и истовремено овој дуел беше најава дека следи интересен реванш во Франција.

Одигравме одлично второ полувреме, период во кој и нашата одбрана беше подобра. Но, морам да признаам дека ПСЖ ја искористи секоја наша грешка во нападот, особено во првото полувреме. Во вториот дел ние ја одигравме нашата препознатлива одбранаи не грешевме многу во нападоти, а тоа придонесе да го добиеме натпреварот. Но се уште ништо не е готово, бидејќи не очекува реванш во Париз, изјави Харол Рајкингд, кој беше најефикасен во тимот на Кил со десет гола.

Дека се уште ништо не е завршено потенцираше и тренерот на ПСЖ, Раул Гонзалез.

-Почнавме одлично, но второто полувреме не чинеше пораз. Во вториот дел одигравме катастрофално, сега ни следи меч во Париз, кој за нас ќе биде како да играме во финалето на ЛШ, изјави Гонзалез по натпреварот.

Каталонскиот гигант Барселона, пак гледа кон следната фаза од Лигата на шампионите, затоа што славеше на гостувањето кај Мешков Брест со 33:29. Ѕвездениот тим направи крупен чекор кон завршниот Ф4-турнир во Келн со победата во Белорусија. Мешков Брест добро се држеше во поголемиот дел од мечот, ама на крајот искуството исплива на површина.

Прв стрелец на Барселона, на овој натпревар беше Дика Мем со десет гола, а го следеше Гомез со шест гола. Кај Мешков, Валјупов даде единаесет гола.

Преостанатите две четвртфинални средби се одиграа синоќа меѓе Нант и Веспрем, како и Алборг – Фленсбург.