Ракометната легенда на Германија, која моментно работи како стручен коментатор и колумнист за „Скај“, Стефан Кречмар, го најави дуелот меѓу европскиот,

Кречмар откри дека Вардар кога игра дома гризе и прави се за да ги импресионира своите навивачи кои секогаш прават пеколна атмосфета што патот до победата на противникот му го прави невозможен

-Кил ќе игра со тврд тим, Вардар, кој е ланскиот освојувач на Лига на шампиони. Тие се моментално најдобриот европски тим и повторно се фаворитите за пласман на Ф4-турнирот во Келн. Губат играчи секоја година, но знаат како да создадат нов тим кој „гризе“, кој има голема желба и кој игра бунтовно. Со домашните навивачи зад нив, во Скопје ќе биде вистински пекол. Дуелот ќе биде неверојатно тежок за Кил, но и „зебрите“ покажаа дека знаат да се справат со ваквите работи, како во Веспрем, напиша Кречмар.

Натпреварот меѓу Вардар и Кил во рамки на Лигата на шампионите се игра в сабота, а билетите за дерби-дуелот во ракометната елита се распродадени.