Киелце тргна во лов на Сташ Скубе

250

Полскиот ракометен шампион Киелце пред неколку месеци го договори  трансферот на хрватскиот интернационалец од редовите на Вардар, Игор Карачиќ, но тој нема да биде единствениот ракометар од македонскиот шампион што летово ќе се пресели во таборот на шампионот на Полска. Првиот човек на „сино-жолтите“, Бертус Сервас, потврди дека веќе се стартувани и преговорите со Сташ Скубе, кој многу лесно може да му се приклучи на Карачиќ.

-Точно е дека преговараме со Скубе. Карачиќ не е единствениот среден бек што ќе го ангажираме, особено доколку Лука Циндриќ си замине. Заинтересирани сме за Скубе, но проблем е што му нудиме долгорочен договор, а тој сака да потпише само на една година. Се сомневам дека има договорено трансфер во 2020, а нам не ни е во интерес да го доведеме само на една сезона. Тој ни е приоритет и сакаме да го ангажираме, но нема да инсистираме на негов трансфер по секоја цена, изјави Сервас.

Скубе минатото лето пристигна од Пик Сегед во Вардар како замена за Циндриќ и одлично се снајде во таа улога.