Поранешниот ракометар на Вардар, Хрватот Игор Карачиќ ја одработува третата година од договорот со полскиот шампион Киелце. Претседателот на клубот Бертус Сервас, во интервју за „Спорт ТВП“, откри дека во случајот на Карачиќ се уште ништо не е јасно. Понуден му е нов договор, но веројатно со полоши услови од претходниот.

Хрватскиот репрезентативец во Вардар помина седум сезони по доаѓањето од Босна, и стана миленик на навивачите. Со „црвено-црниот“ освои две титули во Лигата на шампионите, а тренерот Веселин Вујовиќ во неодамнешно интервју откри дека би сакал повторон да го види во „цввено – црниот“ дрес