EPA-EFE/Piotr Polak POLAND OUT

Францускиот Нант со убедлив пораз ја почна ерата без Кирил Лазаров во Лигата на шампионите. Французите на статрот убедливо беа поразени на гостински терен од Киелце со 40:33.  „Реновираниот“ Нант со големи амбиции ја започна сезоната во елитата, но од Полска се враќа со наведната глава. Прашањето на победникот беше решен уште по првите триесет минути, бидејќи Киелце одигра моќно во нападот и постигна дури 23 гола. Во вториот дел францускиот претставник одигра за нијанса поквалитетно, но недоволно за нешто повеќе од пораз со седум гола разлика.

Карачиќ, Сиско и Турна со по шест гола беа најпрецизни во редовите на победничкиот тим. За Нант се истакна Мае со десет гола.

-Многу сум среќен заради оваа победа, но морам да признаам дека ние имавме среќа, бидејќи Матеус Корнецки имаш неколку важни одбрани на почетокот од натпреварот и ни дозволи брзо да се одлепиме. Првите десет минути од натпреварот беа навистина многу важни за нас. За нас ова е прва победа на почетокот од сезоната во Лигата на шампионите, се надевам дека ќе продолжиме да победубваме и во наредните натпревари, изјави тренерот на Киелце, Талант Душебаев.

Први бодови во второто коло ќе бара и ППД Загреб. Хрватскиот шампион не го искористи домашниот терен и со 27:31 го загуби натпреварот со ГОГ Гудме. Данскиот тим беше во позитива уште од самиот почеток и во ниту еден момент не им дозволи на „плинарите“ резултатски да се вратат во игра. Со по пет гола Толбринг и Јоргесен беа предводници во таборот на данскиот тим. За ППД Загреб, Чупиќ впиша пет, а Дибиров четири погодоци.

Ракометните гиганти Кил и Барселона имаа победнички старт во елитното натпреварување. На отворањето на новиот шампионат, бранителот на титулата со убедлива победа се враќа од гостувањето кај ПИК Сегед во Унгарија (28:35), додека Кил без многу проблеми ја заврши работата против Елверум (36:26).