Киев обвинува: Русија присилно депортира 210.000 деца од Украина

38

Киев ја обвини Москва дека насилно депортирале повеќе од 210.000 деца од Украина, од почетокот на руската инвазија во февруари годинава.

Украинската правобранителка за човекови права изјави дека меѓу 1.2 милиони Украинци кои се насилно депортирани од земјата, дури 210.000 се деца.

“Кога ги носат нашите деца го уништуваат нашиот национален идентитет и ја одзмемаат иднината на нашата земја. Таму нашите деца на руски ги учат на верзијата на историјата која Владимир Путин им ја раскажува на сите“ – вели правобранителката Људмила Денисова.